вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 10
home Занимливости

НАСА откри планета што гравитира околу ѕвезда близу до Земјата

НАСА откри планета што гравитира околу ѕвезда близу до Земјата

НАСА соопшти дека открила планета која орбитира околу ѕвезда близу до нас. Новата планета е со големина на Нептун. Се врти околу ѕвездата наречена А – У Микроскопи која е околу 150 пати помала од сонцето на нашиот систем. НАСА соопшти дека ја забележале планетата со сателити и телескопот Спицер. Според најавата на својата официјална вебстраница, НАСА бараше 10 години дали има планета која се врти околу орбитата на оваа ѕвезда.

Проучувањето на системот на оваа ѕвезда е важно, бидејќи според НАСА може да обезбеди податоци за да дознаат повеќе за формирањето на планетит и атмосферата околу нив и за тоа како тие содејствуваат со нивните ѕвезди. Една ротација на планетата, АУ Микроскопи Б, околу нејзината ѕвезда, трае колку 8,5 дена на Земјата. Ѕвездата отсекогаш ги интересирала астрономите. Таа е стара 20 – 30 милиони години и е опкружен со гас и остатоци што произлегоа од нејзиното формирање.