среда, 5. август 2020. Вести денес: 175
home Занимливости

НАСА ќе смислува идеи за астронаутски тоалети на месечината

НАСА ќе смислува идеи за астронаутски тоалети на месечината

НАСА побара помош од јавноста за дизајнирање нови тоалети што астронаутите би ги користеле на Месечината. Новото одење на Месечината претставува вистински предизвик, можеби и поголем од носењето луѓе во орбитата на Меѓународната вселенска станица.

Предизвик е како астронаутите ќе одат во тоалет, кога ќе треба да се справат со тешкотии предизвикани од микрогравитацијата и долгиот пат до Месечината.

Она што од НАСА го бараат е нов концептуален дизајн за компактни тоалети што можат да работат во услови на микрогравитација и Месечева гравитација.

Вселенските верзии на тоалети веќе се користат на Меѓународната вселенска станица, но тие се дизајнирани за микрогравитација, а не за посилна гравитација каква што има на површината на Месечината.

Исто така, НАСА сака тоалетите да бидат помали и поефикасни бидејќи едни од клучните работи при дизајнот се големината и тежината, односно колку помали, толку подобри. Овие тоалети НАСА ќе ги искористи во мисијата „Артемис“, чија цел е враќање на човекот на Месечината.

Вселенската агенција веќе работи на приспособување на постојните тоалети, но бара идеи од јавноста со надеж дека би можеле да пристапат кон проблемот со размислување различно од традиционалното вселенско инженерство.

Секој може да ја испрати својата идеја до 17 август, а победникот ќе биде прогласен на крајот од септември. Наградата е 35.000 долари, а ќе биде поделена помеѓу три победнички идеи.

Коронавирус