понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Нарачал „ефтин Ајфон“ – кога пристигнал пакетот, не знаел дали да СЕ СМЕЕ или плаче! (ВИДЕО)

Нарачал „ефтин Ајфон“ – кога пристигнал пакетот, не знаел дали да СЕ СМЕЕ или плаче! (ВИДЕО)

Тајландски тинејџер стана вирален откако нарача ефтин Ајфон преку Интернет само за да добие масичка во форма на паметен телефон.

Тинејџер помислил дека наишол на одлична понуда, но останал прилично разочаран кога пристигнал пакетот. Кутијата во која требаше да пристигне неговиот смартфон беше скоро висока како него, и затоа веднаш знаел дека нешто не е во ред.

Кога ја отворил кутијата, имал што да види. Внатре имало масичка за кафе во форма на Ајфон. Се покажа дека тоа е негова грешка, имајќи предвид дека во описот на производот стоело дека станува збор за маса.

Тајландските медиуми јавуваат дека тинејџерот објавил на Фејсбук дека наишол на добра можност што не можел да ја пропушти. Тој, наводно, напишал дека трошоците за испорака се малку поголеми, но тоа не го спречило да ја искористи можноста за „ефтин Ајдон“. Се разбира – секогаш прочитајте ги малите букви пред да нарачате.

Коронавирус