понеделник, 19. ноември 2018. Вести денес: 12
home Занимливости

Напуштена црква во Нанси оди на продажба

Напуштена црква во Нанси оди на продажба

Бискупијата на Нанси одлучи – црква која верниците ја имаат напуштено, а која е прескапа за одржување, да ја стави на продажба. Тие се надеваат цената да достигне 190.000 евра, а зданието старо повеќе од еден век може да се преуреди во станбена зграда, објавува француски „Фигаро”.

Црквата Сен Жил е изградена 1905 година и им припаѓа на епископските власти, а не на градот. Поранешниот генерален намесник на Бискупијата, Робер Маршал жали што црквата е изградена така што е прескапа за одржување и признава дека можеби ваквиот оглас е и по малку бизарен.

Овој случај укажува на поширок проблем со кој Католичката црква денес се соочува – одржувањето на културното наследство, посочуваат познавачите. Од почетокот на 2018 година, Опсерваторијата за верско наследство продала или ставила на пазарот триесетина такви зданија.