недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 9
home Занимливости

Најпривлечни имиња на светот: На прво место најчестото македонско

Најпривлечни имиња на светот: На прво место најчестото македонско

Иако личното име не го опишува вашиот карактер, тоа може да му звучи привлечно, секси и заводливо на оној што првпат ве запознава. Според истражувањето спроведено на светско ниво, некои имиња на повеќето им звучат привлечно.

Од собраните резултати на анкетата спроведена меѓу повеќе од илјада лица, добиени се по десет машки и женски имиња кои најчесто се спомнувале. Најчесто за привлечни биле издвојувани имињата со италијански корени, посебно за машките имиња, но и нивните варијации кои може да се сретнат и во Македонија.

Таков е и примерот со Александар (Алесандро), име кое е најчесто кај нас, но и име кое се смета за најпривлечно.

Toп 10 најпривлечни женски имиња:

  1. Скарлет
  2. Николет
  3. Наталија
  4. Aнаис
  5. Паулина
  6. Aлександра, Aлесандрa
  7. Шанел
  8. Сораја
  9. Адријана
  10. Џулијана, Јулијана

Toп 10 најпривлечни машки имиња:

  1. Александар, Алесандро
  2. Лоренцо
  3. Ромео
  4. Maтeo
  5. Димитри
  6. Дејн
  7. Марчело
  8. Данте
  9. Maрк, Maрко
  10. Реми