петок, 18. септември 2020. Вести денес: 159
home Занимливости

Најпознатиот мачор во Лондон заминува в пензија

Најпознатиот мачор во Лондон заминува в пензија

Палмерстон, познатиот мачор на британското Министерство за надворешни работи, по 4,5 години стаж на буден и одговорен „ловец на глувци“, заминува в пензија. По тој повод, неговиот „официјален“ Твитер-профил објави и писмо во име на мачето, обележано со две шепи наместо потпис.

Писмото е адресирано до Симон Мекдоналд, потсекретарот на Министерството. Во него, говорејќи во прво лице еднина се вели дека Палмерстон по четири и пол години служба, мора „да излезе од центарот на вниманието“ и да почне да ужива во „слободното време“ што ќе го има за себе.

– Поради пандемијата на коронавирус, многумина, како мене, беа присилени да почнат со работа од дома. Открив дека животот зад првата истурена линија е поопуштен, потивок и поедноставен. Сега уживам да се качувам по дрвја и да одам по нивите што го опкружуваат мојот нов дом на село, се наведува во писмото.

Мачорот има над 100.000 следачи на Твитер.

Повеќе познати личности од британскиот јавен живот се простија од своето милениче, истакнувајќи оти ќе им недостига и посакувајќи му мирна пензија.

Коронавирус