недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Занимливости

Најопасната река на светот изгледа како питомо поточе: Од неа е скоро неверојатно да излезете живи (ВИДЕО)

Најопасната река на светот изгледа како питомо поточе: Од неа е скоро неверојатно да излезете живи (ВИДЕО)

Кога ќе ја погледнете реката Варф која тече низ Јоркшир, никогаш не би сте помислиле дека тоа е најопасната река на светот.

Ако влезете според локалните жители, шансите да загинете се сто процентни. Тие одговорно тврдат дека никој никогаш не се извлекол од смртоносната прегратка на како што личи питомата рекичка.

Во неа, како што кажува локалната легенда се удавило момче кое требало да стане крал на Шкотска, но длабочините го повлекле смеѓите води на реката која пробал да ја прескокне.

Реката изгледа сосем нормално, широка и спора, а потоа се врти и тече вертикално место хоризонтално, па затоа станува тесна и неверојатно длабока. Под заоблените зелени и лизгави карпи кои го опкружуваат потокот се кријат метри и метри шуплив простор исполнет со вода која вас, ако влезете, заедно со карпите просто ве сомелува.

Баш таа промена на ориентацијата од хоризонтала во вертикала го продлабочила тлото и карпите и така им овозможило на водните струи да дивеат, а тоа на површината да не се гледа.

Нема точни бројки колку луѓе загинале во тоа мало парче река, но се знае дека ретко кое тело може да исплива, водата ги проголтува најголемиот број. Пред осум години во реката страдало дете, кое и покрај присуството на родителите само се лизнало во водата.

И покрај тоа шумата која е покрај Стрид е многу популарна за пешачење, а на секои десетина метри има предупредување како станува збор за многу опасна вода, чиј изглед лаже и на која и покрај ништо не смеете да и се приближувате.

Интересно е дека тоа не е единствен „Стрид“ во Велика Британија, но е најпознат поради убавината и опасноста.

-Луѓето кога размислуваат за опасните реки гледаат брзината, пената и заглушувачката бука, а не нешто што изгледа како поточе меѓу карпи, вели еден од локалните жители.

Своевремено имало да спуштат и камера во реката, но нема смисла затоа што водата е смеѓа и ништо не се гледа.

Коронавирус