Декември 2017-та година за руската престолнина беше еден од најмрачните месеци досега, затоа што жителите на Москва во просек во текот на целиот месец, дневно гледале сончева светлина од шест до седум минути.
„Според опсерваторијата на Московскиот државен универзитет, Москва имала само шест или седум минути директна сончева светлина во текот на месец декември 2017-та година“, изјави директорот на Руската метеоролошка служба Роман Вилфанд на конференцијата за медиуми.
До средината на јануари сонцето започнало подолго да сјае над Москва, односно далеку повеќе во однос на ноември и декември.
Жителите на Москва во просек гледале од шест до седум минути сончева светлина, додека пак директната сончева светлина над Москва вообичаено трае десетина часови во текот на месец декември.
Претходниот декемвриски рекорд беше во 2000-та година кога главниот град на Русија имал вкупно три часа директна сончева светлина.
Познато е дека руските зими се многу студени, а температурата оваа седмица во одредени области на Јакутија на истокот на Русија се спушти на минус 60 степени.
„Дури и за Јакутија која што е позната по острата зима, оваа температура не е нормална“, соопштија од руската метеоролошка служба, додека пак денес во оваа област биле измерени -50 степени Целзиусови, па поради тоа во регионот наставата во училиштата била откажана.