недела, 11. април 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Најмистериозниот човек го предвидел коронавирусот уште пред 60 години, еве што има кажано

Најмистериозниот човек го предвидел коронавирусот уште пред 60 години, еве што има кажано

Во 2020 и 2021 година, Русија и светот ќе ги погоди необична болест, која ќе им претходи на судбински настани во целиот свет, напишал наводно Волф Григориевиќ Месинг, мислејќи, секако, на ковид-19. Така барем тврдат неговите поддржувачи и следбеници.

Во потрага по објаснување и со желба што побрзо да се сопре болеста која со неверојатна сила го обзеде целиот свет, Русите го вратиле на сцената Волф Месинг, најмистериозниот човек на 20 век, чии предвидувачки и телепатски способности ги изучувале најистакнатите психолози од неговото време.

Феномените предвидување и телепатија, со кои владеел овој необичен и многу популарен човек во 1960-те години, ни ден денес не се објаснети, иако на руската наука не ѝ се непознати парапсихолошките феномени. Напротив, ги изучува на највисоко ниво, бидејќи се смета дека способностите на човечката душа сè уште не се доволно истражени.

Се верува дека Волф Месинг предвидел дека Хитлер ќе ја изгуби војната и Сталин ќе го освои Берлин. Тој своите способности ги демонстрирал и пред озлогласениот Бери, поминувајќи низ неговото обезбедување и покажувајте сметка од продавница наместо пропусница.

Иако негирал дека е пророк, жителите на Советскиот Сојуз верувале дека тој можел да чита мисли. И тоа постојано го докажувал пред бројна фасцинирана публика.

Коронавирус