петок, 18. септември 2020. Вести денес: 109
home Занимливости

Најлошите лозинки за 2019 година

Најлошите лозинки за 2019 година

Во својот годишен извештај, деветти по ред, „Worst Rasswords List“, компанијата SplashDаta прегледала преку пет милиони лозинки онлајн.

Компанијата ги рангираше најлошите лозинки и прикажа нивните позиции во споредба со минатата година (стрелката покажува за колку места горе или долу лозинката се поместила според употребата во однос на предходната година).

На прво место и понатаму е „123456“, а селдува „123456789“. Скок од шест места остварила лозинката „qwerty“ која беше многу популарна минатата година, додека во Топ 10 листата се најде и лозинката „123123“.

SplashData истакнува дека и покрај големиот број на пробиени податоци, излагање на кориснички логин и други приватни податоци онлајн и понатаму се забележува дека огромен број на чуѓе користат вообичаено лоши лозинки.

Ова се 10 најлоши лозинки во 2019 година:
123456
123456789 (↑ 1)
qwerty (↑ 6)
password (↓ 2)
1234567 (↑ 2)
12345678 (↓ 2)
12345 (↓ 2)
iloveyou (↑ 2)
111111 (↓ 3)
123123 (↑ 7)

Коронавирус