петок, 5. март 2021. Вести денес: 86
home Занимливости

Најлошиот играч досега: Гледачите беа шокирани од човекот кој потроши три “џокери“ на прашањето за популарната серија! (ВИДЕО)

Најлошиот играч досега: Гледачите беа шокирани од човекот кој потроши три “џокери“ на прашањето за популарната серија! (ВИДЕО)

Корисниците на социјалните мрежи не можат да се изначудат на Британецот кој ги потроши сите три “џокери“ на прашањето за Тајгер Кинг во популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“.

Крег Блекбурн се најде на маки откако водителот Џереми Кларксон прочита прашање во врска со популарната емисија на Нетфликс.

„Која е темата на документарниот филм во кој Џо Егзотик се судира со Керол Баскин“, беше прашањето, но Крег призна дека не ја гледал серијата.

Прво го искористи џокерот „половина“, но не беше сигурен, па повика пријател. Тој пак не знаеше, па Крег остана на џокерот „прашај го водителот“.

Инаку, стануваше збор за прашањето за 4.000 фунти, а Крег успеа да освои 32.000 фунти.

Коронавирус