вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 163
home Занимливости

Најлошата работа што може да ја чувате во паричникот

Најлошата работа што може да ја чувате во паричникот

Веројатно многу работи не би требало да се наоѓаат во вашиот паричник, но постои една работа која би претставувала сосема поинаков ризик ако се чува токму во паричникот.

Според експертите, најлошо нешто што може да чувате на ова место е кондом. Тоа е така затоа што ако е предолго во паричникот, температурата и постојаното триење би можеле да го направат кондомот бескорисен.

„Триењето поради отворање и затворање на паричникот може да предизвика влошување на неговиот квалитет“, предупредуваат од Lifestyle, компанија што произведува кондоми.

Покрај тоа, може да дојде до пукање на кондомот при контакт со нешто остро.

„Носењето кондом во паричник, каде може да се свитка или на него може да се седне, дефинитивно може да предизвика оштетување на обвивката. Дури и ако однадвор обвивката на кондомот изгледа океј, внатрешноста може да биде оштетена“, смета д-р Ејми В. Анзилоти за Teens Health.

Според неа, кондомите може многу полесно да пукнат бидејќи носењето во паричник може прилично да ги оштети.

Коронавирус