недела, 27. септември 2020. Вести денес: 33
home Занимливости

Најдобар божиќен подарок што можеше да го замисли: На 5 годишно дете без рака животот му го променија омилените суперхерои (ВИДЕО)

Најдобар божиќен подарок што можеше да го замисли: На 5 годишно дете без рака животот му го променија омилените суперхерои (ВИДЕО)

Детенце од Феникс кое е родено без дланка, овој Божиќ ќе го памети целиот живот затоа што го доби она што секогаш го сакал, рака и тоа не било каква туку онаква каква што имаат Стормтруперите до „Војна на ѕвездите“.

Малиот 5 годишен Џејкоб Тегарт ја обожава „Војна на ѕвездите“ и се во врска со популарниот серијал- од костимите, приказните до светлечките мечови. Тоа не го издвојува од останатите деца од претшколска возраст, но малиот Џејкоб нема можност да прави многу активности и игри типични за неговата возраст.

Тој има функционална само една дланка, додека прстите на другата не се целосно формирани. Затоа, Џејкоб веќе почнал да заостанува зад своите врсници во задачите кои пред нив се поставуваат. Пишување, цртање и боење за него претставуваат многу поголем напор.

Можеби тоа е впрочем и причина за неговата опседнатост со Војната на ѕвездите затоа на крајот ја краиштата, Лук Скајвокер и Дарт Вејдер имаа слична судбина.

Неговите омилени јунаци од серијалот, Стормтруперите, имаат костими кои многу присетуваат на современите протези.

-Меѓутоа за разлика од своите јунаци, Џејкоб при секое запознавање морал да објаснува дека „на неговата рака не и се случило ништо“ и дека е така роден, објаснува неговата баба.

Неговата судбина се променила кога за Божиќ добил нова механичка протеза дизајнирана по изгледот на рацете на Стормтруперите. Тоа бил подарок од локалната непрофитна организација, а малиот Џејкоб занемел од среќа кога сфатил што добил.

Бил воодушевен дури и пред да го отвори поклонот затоа што хартијата во која бил замотан поклонот била со мотиви од „Војна на ѕвездите“.

Чим сфатил дека добил вистинска права црно- бела рака од Стормтрупер, Џејкоб со неа фатил тениско топче и прв пат во животот успеал со неа да игра.

Коронавирус