сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

Најчестите грешки што ги правиме при трчање

Најчестите грешки што ги правиме при трчање

Трчањето е одличен избор за основна физичка активност, а треба да биде дел од вашиот неделен тренинг ако исто така вежбате пилатес, јога, кревате тегови или се рекреирате редовно со некоја друга активност.

Како и секоја друга физичка активност, ако не се изведува правилно, трчањето може да направи повеќе штета отколку корист. Затоа е важно правилно да се опремите, загреете и подготвите за вашето следно трчање.

Ова се најчестите грешки што луѓето ги прават кога почнуваат со трчање:

Трчање без чорапи

Чорапите помагаат да не се појават плускавци и ранички на стапалата од постојаното триење. Исто така ја апсорбираат потта, па затоа е важно да носите квалитетни чорапи за трчање што го покриваат целото стапало.

Погрешно мерење на патиките

Луѓето често го мерат стапалото од палецот до петата, а треба од вториот ножен прст до петата. Повеќето луѓе мислат дека палецот е најдолгиот прст, но ако добро забележите, многу често вториот прст е подолг. Секако, треба да оставите и малку простор, така што не избирајте патики што ви се точни до милиметар.

Трчање со болка

Ако ногата ви е отечена или ве боли, нешто не е во ред и не треба да го игнорирате тоа.

Направете пауза во трчањето, видете како ќе се намалува отокот, односно болката, а ако нема промени, задолжително побарајте помош од лекар.

Трчање со нови патики

За патиките за трчање важи правилото дека треба да ги „разгазите“. Знаеме дека ќеифот ви е голем да трчате со новите патики, но за доброто на вашите стапала, почнете постепено со разгазување, разодување и дури потоа почнете со трчање. Првите неколку пати не ја трчајте целата вообичаена рута само со новите патики.