четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Занимливости

На својата девојка за роденден и купил ДНК-тест: Кога ги дознале резултатите морале да раскинат! (ВИДЕО)

На својата девојка за роденден и купил ДНК-тест: Кога ги дознале резултатите морале да раскинат! (ВИДЕО)

Една девојка од Америка откри дека излегува со братучед, откако тој и купи ДНК тест за роденден.

Американката во снимките што ги објави на ТикТок рече дека момчето во тоа време купило ДНК тестови и за неа и за него затоа што биле со намалена цена.

По еден месец ги добиле резултатите и останале во шок кога откриле дека делат генетски роднина, поради што се во роднинска врска, пренесува Дејли меил.

Американката објасни во видеото дека нејзината мајка е посвоена и дека никогаш не го запознала својот биолошки татко.

@mattilathehunI dare you to imagine a more “white person in Saskatchewan” scenario than this ##fyp ##voiceeffects

♬ original sound – bumble bee

– Најмногу ме интересираа здравствени информации за да знам дали има нешто што морам да го следам. Тој зеде и еден за себе затоа што ги имаше на намаление- објаснува таа.

По еден месец ги добија резултатите, а таа погледна на списокот на роднини затоа што, како што рече, нејзината мајка е единствената личност за која знае дека е во роднинска врска.

– Се свртев кон момчето и му реков дека сум поврзана со личност која има исто име како него. И така дознав дека се гледам со братучед – рече таа.

Во друго видео, таа посочи дека на веб-страницата пишува дека парот, кој раскина на почетокот на овој месец, најверојатно е „четвртата генерација“ и дека делат чукун дедо и чукун баба.

@mattilathehunReply to @jessicahalabi im a ✨content creator✨ now #fyp #GetCrocd #GoForTheHandful #FreeFreeDance

♬ original sound – bumble bee

– Мојот поранешен е одлично момче и сè уште се грижам за него, но … – рекла девојката.

Видеото беше прегледано повеќе од 513 000 пати, а луѓето споделија слични искуства во коментарите.

Коронавирус