понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 96
home Занимливости

На работа: Како да се сконцентрирате доколку некој ве прекине?

На работа: Како да се сконцентрирате доколку некој ве прекине?

Доколку вознемирите работник додека ги извршува работните задачи, потребни му се 23 минути за да повторно го врати вниманието.

Ослободување од стрес на работа клучно е за продуктивноста, а во тоа помагаат и кратката прошетка, неколкуминутната медитација или лесните вежби за опуштање на мускулите. Доколку не станете од работната маса или доколку не го тргнете погледот од мониторот во текот на работното време, ќе бидете исцрпени на крајот од работниот ден.

Но, сосема е поинаку кога свесно ќе заминете на пауза, отколку кога ќе бидете прекинати.

Според студијата на Универзитетот во Калифорнија, потребни се 23 минути и 15 секунди за да се сконцентрирате и вратите на работа.

Ако ве вознемират три пати, губите еден час од времето кое сте требале да го поминете работејќи.

Најдобро е да носите слушалки, да ги исклучите известувањата кои постојано пристигнуваат. Исто така, држете го мобилниот подалеку од вас.

Важно е да знаете дека некоj ден можеби сте помалку продуктивни.