вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Занимливости

На многу корали им се заканува исчезнување, ги напаѓаат бодликави морски ѕвезди

На многу корали им се заканува исчезнување, ги напаѓаат бодликави морски ѕвезди

На Големиот Корален Гребен крај источниот брег на Австралија рапидно расте бројот на бодликави морски ѕвезди кои се хранат со корали, сметаат научниците, по што Владата најави акција за нивно истребување.

Морските ѕвезди грабливки се хранат со коралите така што се шират преку нив и потоа лачат посебни ензими за нивно разградување.

– Секоја морска ѕвезда ноќе јаде количество големо колку своето тело, и тоа со тек на време значително се зголемува. Многу од коралите ќе исчезнат, истакнува научникот од австралискиот Институт за поморска наука, Хју Свитман.

Тоа би било голем удар и врз екосистемот и за австралискиот туризам.

Големиот Гребен, долг 2.000 километри, е всушност најголемиот корален гребен на светот и се наоѓа во Коралното Море, близу брегот на австралиската сојузна држава Квинсленд.

Коронавирус