понеделник, 25. март 2019. Вести денес: 62
home Занимливости

На која годишна возраст метаболизмот успорува?

На која годишна возраст метаболизмот успорува?

Метаболизмот со годините природно забавува, а интересно е дека кај жените тоа се случува 6 години порано отколку кај мажите.

Дебелеењето не е предизвикано само од јадење и недостаток на движење, туку и годините се еден од факторите кои се многу важни. Метаболизмот со годините природно забавува и дебелеењето е полесно тогаш отколку кога сме млади.

На големо изненадување на научниците, било утврдено дека метаболизмот на жените започнува да забавува со наполнети 38 години, додека кај мажите истата работа започнува на 44 години, кога започнува процесот на интензивно зголемување на килограми.

Секако, кај жените процесот на дебелеење е дополнително засилен со мајчинството и со сите проблеми околу намалување на килограмите по бременоста. Интересно, и мажите често се здебелуваат откако ќе станат татковци, а уште полошо минуваат самците кои поради алкохолот и брзата храна го зголемуваат бројот на килограмите.

Најчеста причина за дебелеење сепак е работата, бидејќи 36 проценти од луѓето тврдат дека од сите обврски кои ги имаат, едноставно немаат време за вежбање.

Советот е едноставен – со годините ни се потребни помалку калории, па така треба да се прилагодиме на исхраната во однос на деновите кога сме биле млади, а колку помалку се движиме, килограмите доаѓаат без проблеми.

40-тите се клучни години, заклучуваат научниците, бидејќи доколку до тој период успееме да одржиме нормална тежина, ќе имаме драстично помал ризик од дебелеење подоцна.