вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 100
home Занимливости

На Арктикот рекордно високи температури кои достигнуваат и 38 степени

На Арктикот рекордно високи температури кои достигнуваат и 38 степени

На рускиот Арктик во јуни се измерени рекордни температури кои предизвикаа големи пожари, изјави директорот на руската метеролошка служба и ги поврза со климатските промени.

„Имавме доста необични временски услови во јуни, што дури стануваат и рекордни“, изјави Роман Вилфанд на конференција за новинари во Москва.

Истакна дека покрај тоа новиот рекорд на арктичкиот предел на 17 јуни била измерена температура од 38 степени целзиусови.

„Неверојатно е“ – потенцираше Вилфанд бидеќи токму во тој предел при крајот на 19 век биле измерени рекорно ниски температури од минус 67,8 степени. Според него причината за високите температури се климатските промени и промена во циркулацијата на воздухот, при што чести се антициклони кои носат сончево време.

Недостатокот на облаците поради летото и носи антициклоните и го загрева Арктикот. Метеролозите порано не виделе вакво нешто, затоа што антициклоните станала почести и тешки за предвидување. Главниот проблем се климатските промени. Пожарите предизвикани од високите температури и пепелот кој го оставаат зад себе го топи ледот па така го загрева и тлото, инаку сончевите зраци се рефлектираат од ледот и тоа го спречува топењето, објасни директорот.

Според проценките, Русија се загрева околу 2,5 пати побрзо од остатокот на светот поради своите огромни арктички предели.

Климатските промени му се закануваат на вечниот лед, трајно смрзнато тло кое покрива околу 65 отсто од Русија и каде е се наоѓа поголем дел од инфраструктурата.

Коронавирус