недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 37
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Занимливости

На Арктикот пронајдено кафе старо над еден век

На Арктикот пронајдено кафе старо над еден век

Истражувачи од руското географско друштво при експедиција на Арктикот открија добро сочуван сад со кафе во зрна. Бочвата била заборавена и оставена при американската мисија на Евелин Болдвин, во 1902 година.

Истражувачот Леонид Круглов на Инстаграм објави и дека базата на американската експедиција, која се наоѓа близу Франц Јозеф Ленд, е многу добро сочувана и дека била многу добро опремена.

Инаку, познато е дека Американците на таа мисија, на располагање имале неколку базни станици, 420 сибирски кучиња и повеќе од 60 санки.