среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 135
home Занимливости

Му се допаднал вкусот на нејзиниот мозок: Најбрутално признание досега- момче ја убил и изел својата 14 години постара љубовница (ФОТО)

Му се допаднал вкусот на нејзиниот мозок: Најбрутално признание досега- момче ја убил и изел својата 14 години постара љубовница (ФОТО)

Димитриј Лунчин (21) станал опседнат со канибализам откако читал за канибалот од Милвоки, Џефри Лаконел Дахмер, кој силувал и убил 17 деца и мажи меѓу 1978  и 1991 година. Неговите подоцнежни убиства вклучуваа и некрофилија и канибализам.

Лунчин ја убил својата девојка Олга Будунова (45), така што 25 пати ја удрил со шише вино во глава, но тоа не е се. Тој и ги извадил внатрешните органи, и го испржил мозокот и додека го јадел ја пиел нејзината крв.

Говорејќи во полиција за убиството рекол: „Ми се допадна вкусот на нејзиниот мозок. Одлучив само уште еднаш да се обидам. Потоа ја сипав нејзината крв во чаша“.

Убиството го извршил во станот на својата жртва, каде планирале заедно да го одбележат Меѓународниот ден на жената.

Сведокот Александара Дедова (21) изјави дека на вратата имало знак од ѓаволот.

-Сакаl да го повика ѓаволот. Чекаше 5 минути, но ѓаволот не се појави. Потоа го скрши нејзиниот череп, зеде дел од мозокот, го испржи и го изеде. Му се допадна, зеде уште неколу парчиња, а потоа испи чаша од нејзината крв, рече таа.

Обвинителката Олга Бондаренко додаде дека и го „исeкол стомакот и и ги отсекол ушите“.

Лунчин побарал судењето да се врши зад затворени врати, но судијата тоа го одби. На ова момче моментално му се суди за „ритуално и канибалско убиство“.

Тим од психолози кои работи на неговиот случај напиша во извештаите дека Димитриј има „интелигенција на филозоф“, како и дека извршил убиство за да „добие инспирација за пишување поезија“.

Му се заканува доживотна казна затвор.

Коронавирус