вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 64
home Занимливости

Му пишала на шефот дека ќе доцни на работа: Нејзината причина е несекојдневна, но неговиот одговор стана хит (ФОТО)

Му пишала на шефот дека ќе доцни на работа: Нејзината причина е несекојдневна, но неговиот одговор стана хит (ФОТО)

Жена по име Џен се нашла во несекојдневна ситуација поради која задоцнила на работа.

Иако на сите ни се случува поради некоја причина понекогаш да задоцниме, шефот на Џен е оној кој со одговорот стана хит на интернет.

Таа, всушност, работи во истата компанија веќе 8 години и во целиот тој период никогаш не задоцнила. Поради тоа, нејзиниот шеф се загрижил и прашал дали е сè во ред?

Џен решила да биде искрена до крај и признала дека доцни затоа што нејзиното куче изгледало преслатко додека спие и таа го фотографирала и му ја испратила фотографијата.

Одговорот кој го добила ја изненадил:

„Погледни колку е сладок. Остани колку што треба“, а потоа ѝ понудил две влезници за настан за кучиња.

По ова, многумина се заинтересирале во која компанија работи Џен и побарале вработување таму. Таа пак, на крај ги добила и влезниците од својот шеф.

 

Коронавирус