среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Мрачната страна на писателот на книгата „Алиса во земјата на чудата“, родителите ги тргале децата од него

Мрачната страна на писателот на книгата „Алиса во земјата на чудата“, родителите ги тргале децата од него

Книгата „Алиса во земјата на чудата“ веднаш по објавувањето во 1865 година, стана голем хит носејќи му на авторот Луис Керон планетарна популарност.

Иако писател аматер, Керол беше и според многумина остана еден од најчитаните англиски книжевници. Сепак пишувањето не било негово единствено хоби.

Второто со години било предмет на контроверзии и дебати за моралот на славниот писател.

Чарлс Латвиџ Џонсон, вистинското име на Луис Керол, бил математичар и умерено познат писател кој пишува поезија и кратки приказни најчесто објавувани во магазини и списанија.

Во 1865 година тој ја објавил книгата која му донела светска слава. „Алиса во земјата на чудата“ е врвот на неговата книжевна кариера и останува негово најпознато дело.

Луис има уште едно хоби, а тоа била фотографијата

Речиси деценија пред објавувањето на романот кој му носи светска слава, Керол почнал да се занимава со фотографија. Оваа уметност била во подем, па тој наскоро станал релативно познат. Брзо станало очигледно дека младиот научник и писател особено сака да фотографира деца, попрецизно девојчиња.

Позната е и неговата изјава „Децата ми се многу драги, освен момчињата“.

На фотографирањето деца присутни биле и нивните родители, а многу од нив се снимени во градина поради природната светлина. Се верува дека токму една од неговите мали моделки, девојчето Алис Лидел го инспирирала да го напише романот „Алиса во земјата на чудата“. Иако никогаш не е потврдено дека Алис е Алиса за чии авантури читаа генерации, останата е приказната дека Луис се испирирал од неа и сестрите.

Алис Лидел

Друго девојче, Беатрис Хач била омилената манекенка на Керол и е често опишувана како негова муза. Била едно од првите деца кои тој ја фотографирал целосно гола, што за тоа време било целосно смел и невобичаен потег.

Сите овие години предмет на контроверзни шпекулации била природата на односот на Луис и неговите млади модели. Книжевникот бил се’ – од гаден, прикриен педофил до уметник кој не направил ништо погрешно.

Тајниот свет на Луис Керол

Во документаецот на Би-Би-Си емитуван 2017 авторите изнеле тврдење дека Алис и нејзините сестри, Керол ги фоготрафирал голи и дека набрзо потоа семејството го прекинал секој контакт со него.

-Верувам дека тој беше заљубен во Алис, но дека длабоко го потиснуваше тоа и никогаш не ја премина границата на пристојност, раскажува Ванеса Тејт, правнука на Алис и додава дека целиот свој живот во семејството слушала за „чудниот“ однос кој Керол го имал со нејзините предци.

Во негова одбрана застанале историчарите Роџер Тејлор и Едвард Вејклинг кои пресметале дека на повеќе од половина од фотографиите на Луис се прикажани млади девојки, но тоа не е точниот приказ бидејќи околу 60 проценти од неговата работа не е сочувана.

Керол фотографирал и мажи, жени, кукли, природа, кучиња…