понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 43
home Занимливости

Можеби мисли дека е во тренд, но изгледа ужасно: Оваа тинејџерка се уништила себеси (ВИДЕО)

Можеби мисли дека е во тренд, но изгледа ужасно: Оваа тинејџерка се уништила себеси (ВИДЕО)

18-годишно девојче со над 20 пирсинзи на лицето и истетовирани очни јаболка вели дека не жали за какви било модификации.

Љубителката на модификации на телото Кијара од Рим, го ставила првиот пирсинг кога имала 11 години.

Оттогаш таа имала околу 40 модификации – вклучително и над 20 пирсинзи на лицето, 12 скарификации, две жигосувања, шест субдермални импланти и тетовирани очни јаболка, пренесува Mirror.

Скарификациите вклучуваат сечење на кожата и испишување на дизајн или збор за да се создаде постојана лузна што наликува на тетоважа.

-Мојата потреба за модификација не ја диктира потребата за внимание или да се види по секоја цена. Тоа е лична потреба, објаснува таа. „Сè што правам, го правам за себе“.

Една од нејзините најекстремни модификации на лицето е во долната усна, која се протега на четири сантиметри.

„Не започнав со идејата да го направам сето ова. Бев повеќе дискретна, но со текот на времето почнав да сакам повеќе работи. Ако не се чувствував добро со самата себе, немаше да продолжам. Тоа е сосема природно за мене, не жалам.”

Голем број пирсинзи ги направила самата или ѝ помогнато нејзиното момче Мајкл.

Коронавирус