среда, 17. октомври 2018. Вести денес: 0
home Занимливости

Може ли науката да ги воскресне диносаурусите?

Може ли науката да ги воскресне диносаурусите?

Постојат повеќе случаи каде што научници откриле крв од диносаурус зачувана во природни праисториски „капсули“, и со оглед на забрзаниот технолошки развој, а и поради актуелноста на секое ново продолжение на филмскиот серијал „Паркот Јура”, сосем легитимно е прашањето- дали науката навистина може да воскресне, односно да клонира диносаурус користејќи ја ДНК-та од најдената крв?

Одговорот е едноставен – Не! Тоа е така, пред се зашто крвта е премногу стара и распадната, се вели во статија на „Сајенс Алерт“.

Најстарата откриена колку-толку зачувана ДНК од диносаурус е од пред околу милион години, и реконструкцијата врз основа на тоа е просто нереална со сегашната технологија. Второ, дури и ако еден ден откриеме ДНК со којашто тоа би било изводливо, таа ќе биде расфрлана на милиони парченца, и научниците не би можеле да состават „мапа” по која ќе ги подредат правилно, како што биле пред милиони години.