четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 162
home Занимливости

Мотоциклист го запре сообраќајот среде голем метеж: Причината ќе ви го освои срцето (ВИДЕО)

Мотоциклист го запре сообраќајот среде голем метеж: Причината ќе ви го освои срцето (ВИДЕО)

Додека поголемиот дел од возачите брзаат кон работното место или домот, не гледајќи што се случува околу нив, еден мотоциклист забележал маче како исплашено лута помеѓу возилата на патот.

Тој одлучил да го запре сообраќајот и да го спаси животот на мачето. Имено, 30-годишниот Кристијан Крехенсија се пробивал низ огромниот метеж во Манила, Филипини, кога забележал маче кое пробувало да ги избегне возилата.

Мотоциклистот одлучил да го запре сообраќајот, се симнал од својот мотоцикл и тргнал во спасувачка мисија. Кристијан го зел мачето и го тргнал на безбедна локација, а кога се уверил дека животното е на сигурно, се вратил на својот мотоцикл.

Меѓутоа, изгледа дека мачето веднаш се поврзало со Крехенсија бидејќи упорно се враќало кон него. Кога тој сфатил дека тоа не сака да се одвои од него, го ставил во џеб и продолжил по својот пат.

Кристијан го подарил малечкото маченце на своите соседи и го спасил од лутање на прометните улици.

Коронавирус