четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 16
home Занимливости

Морничава видео снимка: Автомобилот на Убер самостојно одлучил дека не мора да го избегне пешакот

Морничава видео снимка: Автомобилот на Убер самостојно одлучил дека не мора да го избегне пешакот

Убер откри која е причината зошто еден од пробните автомобили од нивната флота на автономни возила усмрти пешак.

Од компанијата веруваат дека сензорите на модифицираниот Volvo XC90 ја регистрирале 49-годишната Елејн Херзберг додека го преминувала патот, но софтверот „проценил” дека не мора да сврти и да го избегне пешакот, веројатно оценувајќи ја детекцијата на сензорот како „лажно позитивна”.

Иако во моментот на несреќата во автомобилот на Убер се наоѓала личност која требала да ја преземе контролата над возилото, на снимката се гледа дека таа, наместо пред себе, гледа на страна.

По несреќата која се случи во март оваа година, Убер ги прекина тестирањата на своите самоуправувачки возила. Тие и понатаму соработуваат со американскиот Национален одбор за сигурност во сообраќајот, кој треба да го објави прелиминарниот извештај од првите резултати од истрагата.

Од компанијата порачуваат дека активно соработуваат со Националниот одбор во истрагата и дека не можат да ги коментираат деталите од несреќата.

Коронавирус