петок, 6. декември 2019. Вести денес: 88
home Занимливости

Морничава снимка: Најмалку 17 повредени на улична трка откако автомобил влета во група луѓе

Морничава снимка: Најмалку 17 повредени на улична трка откако автомобил влета во група луѓе

Локалните жители повеќе пати се пожалиле поради одржувањето на ова случување, но властите не го послушале нивниот апел.

Најмалку 17 лица се повредени, откако се судрија два автомобили, по што едниот влета во група луѓе за време на улични трки во британски Стивенејџ.

Несреќата се случила на патот „А602“ Монксвуд Веј, а англиските медиуми објавија и видео од инцидентот. Сето тоа се случи откако син автомобил од типот Nissan 350Z удри во друг автомобил, Toyota GT86, по што беа покосени повеќе гледачи на настанот.

 

 

 

Повредените биле итно пренесени во три болници во околината и моментално не е познато каква е нивната здравствена состојба. Пожарникарите наводно морале да интервенираат откако еден автомобилите приклештил еден од гледачите покрај патот.

Локалните жители на британскиот град досега во повеќе наврати реагирале поради одржувањето на настанот, меѓутоа властите сепак дозволиле да се одржува.