недела, 20. септември 2020. Вести денес: 93
home Занимливости

Монт Еверест не е највисока планина во светот: Сè што сме знаеле од географија е погрешно (ВИДЕО)

Монт Еверест официјално има најголем врв на светот, во однос на нивото на морето (8.848 метри), но ако ја измерите далечината на неговата база и врвот, ќе се најде на второто место на листата на највисоки планини во светот.
Монт Еверест не е највисока планина во светот: Сè што сме знаеле од географија е погрешно (ВИДЕО)

Многу од нас пораснаа мислејќи дека Монт Еверест е највисока планина на светот.

Сепак, тоа не е во потполност точно затоа што постои една мала работа која ги менува работите.

Монт Еверест официјално има најголем врв на светот, во однос на нивото на морето (8.848 метри), но ако ја измерите далечината на неговата база и врвот, ќе се најде на второто место на листата на највисоки планини во светот.

Прво место во тој случај би припаднало на Мауни Кеи, милион години стариот заспан хавајски вулкан. Неговиот поголем дел се наоѓа под вода, така што неговата вкупна висина изнесува 10.152 метри.

Тука е и планината Чимборазо, неактивен вулкан на Андите, чиј врв е најмногу оддалечен од средиштето на земјата. Со самото тоа, влијанието на гравитацијата на Земјата е на ова место најслабо.

Коронавирус