петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 155
home Занимливости

Моментот кога 82-годишна бодибилдерка ќе претепа крадец

Моментот кога 82-годишна бодибилдерка ќе претепа крадец

Не е баш пријатно кога ќе ве претепа 82-годишна старица, поранешна бодибилдерка. Ова е искуството на крадец кој се обидел да провали во домот на Вили Марфи, без да знае дека станува збор за многу опасна бабичка.

Во интервју за медиумите Марфи објаснува како се случил овој настан. Старицата вели дека се подготвувала да си легне кога некој почнал да чука на вратата и да ја моли да повика Брза помош, пишува CNN.

Таа одговорила дека ќе повика полиција и не го пуштила човекот во домот. Тогаш, тој се налутил и провалил низ вратата.

„Одбра погрешна куќа за провалување. Беше полумрачно, а јас сум стара и сама. Но, погодете што, многу сум силна,“, вели Марфи, покажувајќи ги мускулите.

Марфи е наградувана бодибилдерка која и во деветтата деценија од животот секојдневно вежба во локалната теретана. Таа употребила неколку предмети во домот со кои го нападнала 28-годишниот натрапник. Првин фрлила стол кон него, кој се скршил. Потоа го тепала со ногалка, па неколку пати скокнала на него. Додека тој лежел на подот Марфи истрчала во бањата од каде зела детски шампон и почнала да го прска по лицето. Но, ни тоа не било крајот за натрапникот.

Марфи почнала да го тепа со метла, по што набргу пристигнала полицијата, како и Брзата помош кои го спасиле момчето од ќотекот на старицата.

Коронавирус