Едно од видеата кои ја фасцинираа интернет заедницата минативе денови се однесува на баба која им ги „помрси конците“ на разбојниците.
Додека бабата си седеше и си пишуваше на својот мобилен телефон, на неа налетаа двајца момчиња со мотор. Еден од нив се обиде да ја ограби, но не успеа во својата намера.
Снимката, наводно, била направена во Република Јужна Африка, а реакцијата на бабата воодушеви многумина.