сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 27
home Занимливости

Младенче од бел лав спасено на несекојдневен начин! Било заглавено во уништен автомобил

Младенче од бел лав спасено на несекојдневен начин! Било заглавено во уништен автомобил

Седуммесечно младенче од бел лав било спасено од уништен автомобил по сообраќајна несреќа на југозападот на Германија.

Младенчето е женка и е во добра општа состојба, било соопштено денес од зоолошката градина во Ландау, која ја презамала грижата за малата лавица, пренесува “AP”.

Младенчето ја преживеало тешката сообраќајна несреќа без повреди бидејќи било во транспортен кафез во приколката на автомобилот.

Несреќата се случила во близина на Хајделберг, а возачот и неговите двајца сопатници, словачки државјани, биле сместени во болница со тешки повреди.

Германската агенција DPA наведува дека малата лавица излегла неповредена од уништената приколка, а нешто подоцна службениците од зоо-паркот ја одвеле на безбедно.

-Во текот на ноќта и дадовме млеко и малку мелено месо. Ја нарековме Леа, рекол еден од работниците во зоолошката градина.

Очевидците тврдат дека покрај лавицата Леа во приколката имало и еден папагал, кој веднаш по несреќата одлетал од самото место.

Коронавирус