понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 62
home Занимливости

Млад милионер: Повеќе научив од СтарКрафт отколку од бизнис книгите

Млад милионер: Повеќе научив од СтарКрафт отколку од бизнис книгите

Дека СтарКрафт е една од најкомплицираните стратегии на сите времиња не е никаква новост, и луѓето и ден денес земаат ја земаат како пример за најтешка и најстресна видео игра за совладување.

Тоа многу добро го разбрал и канадскиот милионер и бизнисмен со германско потекло, Тобијас Лутк, кој пред неколку дена на твитер изјави дека цврсто верува оти повеќе научил за развивањето и водењето бизнис играјќи СтарКрафт, отколку што тоа го научил од сите книги за бизнис кои некогаш ги прочитал.

-Силно верувам дека научив повеќе за градењето бизниси преку играње Старкрафт, отколку што научив од бизнис книгите, напуша Лутк.

 

Тобијас е основач и извршен директор на компанијата Шопифај, која се занимава со онлајн трговија, а покрај тоа е обожува компјутери. Тој уште на десет години го модифицирал својот компјутер и имал познавања од програмирање.

Со родителите се преселил од Германија во Канада во 2002. година, каде и почнал да ги развива бизнис идеите и планови.

 

Коронавирус