среда, 8. јули 2020. Вести денес: 260
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Занимливости

Мистериозна шума со чуден феномен: Сите дрва се како буквата “Ј“

Мистериозна шума со чуден феномен: Сите дрва се како буквата “Ј“

Во близина на селото Ное Царново во Полска има една мистериозна шума со околу четиристотини борови дрвја, високи еден до три метри. И не би било чудно ако стеблата на дрвјата не беа криви, односно не растат во форма на буквата Ј.

Многумина се обидоа да го толкуваат феноменот Krzywy Las (искривена шума), но ниту еден не успеа да ги докаже своите теории.

Дрвјата беа засадени во 1930-тите, а се претпоставува дека шумарите ги закривиле десет години подоцна, за да можат полесно да се користат во дрвната индустрија, а особено за изградба на бродови.

Други веруваат дека младите дрвја ги свиткале големи количини снег и така ги задржале на земја во зимските месеци, додека љубителите на мистеријата претпоставуваат дека формата на боровите дрвја се должи на минување на тенкови низ оваа област во Втората светска војна.

Се разбира, секогаш има група луѓе кои веруваат дека искривената шума е резултат на активност на вонземјани.

Иако не се знае што влијаело на појавата на оваа шума, нејзините сцени ги воодушевуваат многу патници.

Парламентарни избори 2020