понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 167
home Занимливости

Мистериозна река која убива сè што ќе ѝ се најде на патот – луѓето ја сметаат за света и лековита (ВИДЕО)

Мистериозна река која убива сè што ќе ѝ се најде на патот – луѓето ја сметаат за света и лековита (ВИДЕО)

Во средишниот дел на Амазонската прашума во Перу се наоѓа река којашто е толку врела што навистина врие. “Шанај тимпишка” како што ја нарекуваат, достигнува неверојатна температура од 93 степени Целзиусови.

Во оваа река можете да сварите јајце, а доколку ја ставите раката во неа, за неколку секунди ќе добиете сериозни изгореници. Опкружена е со обоени камења и богата вегетација, а локалното население верува дека станува збор за света река со лековити моќи.

Модерната наука ја “открила” оваа река во текот на една експедиција во 2011 година на чело со Андре Рузо. Овој експерт за термални извори возел два часа до прашумата, веслал 45 минути со кану, а потоа уште еден час се пробивал низ шумата за да стигне до “Шанај тимпишка”.

Реката ја чува шаман од скриениот спиритуален центар Мајантујаку, кој му дал дозвола на Рузо да ја испитува реката која е со должина од 6 километри. Температурата на водата варира од 48 до 93 Целзиусови степени, а милот на реката е толку топол што е невозможно боси да одите по него.

Високите температури уништуваат сè што ќе се најде на нејзиниот пат, па затоа реката е полна со тела од малечки животни како жаби и слично.

Ваквите “зовриени реки” не се необична појава во светот, но обично истите се наоѓаат во близина на вулкан. “Шанај тимпишка” е посебна река бидејќи најблискиот вулкан е оддалечен на дури 640 километри од неа.

Иако начинот на нејзиното настанување сè уште се истражува, научниците претпоставуваат дека водата продира во земјата, таму се загрева, а потоа повторно извира низ пукнатините.

Коронавирус