сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 0
home Занимливости

Мислела дека умира од рак, па го натерала сопругот да се ожени со нејзината најдобра пријателка – следувал шок кој им го променил животот

Мислела дека умира од рак, па го натерала сопругот да се ожени со нејзината најдобра пријателка – следувал шок кој им го променил животот

Случајот со жената која го присилила сопругот да се ожени со нејзината пријателка, бидејќи мислела дека умира од рак, пред да дознае дека дијагнозата и е погрешна, предизвика бура во семејниот закон.

Бидејќи добила дијагноза, Махтаб која е 35 годишна мајка на две деца, му кажала на сопругот да се ожени со нејзината најдобра пријателка пред да умре.

Новата сопруга набрзо останала бремена, а тогаш се утврдило дека на првата жена и ја погрешиле дијагнозата.

Сега Махтаб бара семејниот суд да го присили сопругот Мухамед да се разведе од новата жена, но тој не сака.

Махтаб тврди дека сакала само најдобро за своето семејство, но сега заменската сопруга според неа треба да си замине.

Со ваков случај не се сретнале ниту најискусните ирански адвокати.

Мухамед тврди дека тој и пријателката на сопругата биле против нејзината сугестија, но таа ги присилила инсистирајќи да ја исполнат нејзината последна желба.

Иако првично тој не сакал друга жена, Мухамед вели дека сега не може бремена жена да остави на улица. Прифаќа да живее со двете сопруги и да се грижи за нив. Тоа по исламскиот ирански семеен закон е можно, но Махтаб на тоа не се согласува.

Судијата Бехрис Мохадшери кој го води случајот, вели дека и покрај децениското искуство во семејниот суд, ова е целосно нова територија за него, па земал дополнително време за размислување и донесување на одлуката.

 

 

Најнови вести

Коронавирус