четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 180
home Занимливости

Место каде што се исплати да бидете фини: Во овој локал добивате гратис кафе ако љубезно се однесувате со персоналот (ВИДЕО)

Место каде што се исплати да бидете фини: Во овој локал добивате гратис кафе ако љубезно се однесувате со персоналот (ВИДЕО)

Во шангајското кафуле „Love Coffee“ посетителите секојдневно можат да добијат бесплатно кафе, но само под еден услов. Мораат љубезно да се однесуваат со вработените, млади луѓе со аутизам, кои на тој начин се интегрираат во општеството.

Сопственикот на кафулето, Цао Ксијаоксија вели дека на овој начин се дава шанса да се запознаат со општеството, такво какво што навистина е.

-На овој начин тие учат и растат, вели Цао.

Тие брзо учат и се многу прецизни шанкери, но имаат проблеми во комуникацијата со луѓето кои ги опкружуваат.

-Кога бев овде прв пат, бев збунета и не знаев што да правам, затоа што од моето искуство, многу малку знаеме за аутизмот. На почетокот се прашував дали децата со аутизам многу се разликуваат од нас, обичните луѓе, наведе една од волонтерките кои работат во кафулето.

Клиентите истакнуваат дека поставуваат едноставни барања, како барање цевка, како вработените би можеле да вежбаат интеракција со луѓето.

Кафулето исто така и летни часови, на кои вработените им се предаваат академски предмети.

-Сметам дека за нив треба да постои посебно училиште. На нив им е доста тешко да се интегрираат во регуларните училишта, затоа што наставните планови во тие училишта се тешки за нив, објаснува Цао.

Сместен во центарот на Шангај, „Love Coffee“ се бори да обезбеди константни донации за дневни потреби.

Коронавирус