недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 12
home Занимливости

Месецот на раѓање открива на кои болести сте повеќе склони во животот

Месецот на раѓање открива на кои болести сте повеќе склони во животот

Сезонските промени на УВ зрачењето, нивоата на витамин Д, вируси и алергии можат да влијаат на развојот на фетусот, објаснуваат. Taка на пример, производството на витамин Д во телото им недостасува на бебињата кои се родени во зимските месеци, а тоа може да има долготрајно влијание на нивното ментално и физичко здравје, пишува Дејли Мејл.

„Во оваа студија најдовме докази со значајна пповрзаност помеѓу месеците на раѓање и појавата на 27 хронични болести како и долгорочни здравствени проблеми.

Исто така, болестите се појавуваат поинаку во зависност од тоа дали е детето момче или девојче“, објаснил професор Хозе Антонио Куесада, автор на студијата.

Еве на кои болести сте повеќе склони во зависност од месецот на раѓање:

ЈАНУАРИ – машките деца почесто како возрасни луѓе страдаат од запек, болки во долниот дел од грбот и чир на желудник. Жените родени во овој месец страдаат од мигрени, проблеми во менопаузата и се пвеќе склони кон срцев удар.

ФЕВРУАРИ – момчињата почесто страдаат од проблеми со штитната жлезда, срцето и остеоартритис. Жените се исто така склони кон остеоартритис, проблеми со штитната жлезда, но и згрутчувања на крвта.

МАРТ – момчињата се повеќе склони кон астма, катаракта, срцеви проблеми, а жените кон артритис, реума и запек.

АПРИЛ – машките априлски бебиња во подоцнежниот живот имаат проблеми со астмата, штитната жлезда и остеопороза, а женските со бронхитис, тумори и остеопороза.

МАЈ – момчињата се повеќе склони кон депресија, астма и дијабетес, а жените кон хронични алергии, остеопороза и запек.

ЈУНИ – момчињата родени во јуни помалку од останатите страдаат од депресија и болка во долниот дел од грбот. Но почесто имаат срцеви состојби, катаракта и хроничен бронхитис во однос на другите мажи. Жените родени во овој месец имаат за 33 отсто помал ризик од мигрени и 35 отсто помал ризик од развој на проблеми во менопаузата, во споредба со жените родени во останатите месеци.

Но повеќе се склони кон артритис, инконтиненција и реума.

ЈУЛИ – жените родени во овој месец имаат за 27 отсто поголем ризик од дијагностицирање на висок крвен притисок и 40 отсто поголем ризик од инконтиненција. Исто така, се склони кон хронична болка во вратот, астма и тумори. Мажите родени во овој месец се склони кон астма, тумори и артритис.

АВГУСТ – машките деца родени во овој месец имаат двојно поголем ризик од астма во споредба со децата родени на почеток од годината. Исто така, имаат проблеми со штитната жлезда и остеопороза. Жените се посклони кон крвни згрутчувања, реума и артритис.

СЕПТЕМВРИ – мажите родени во овој месец три пати повеќе имаат проблеми со штитната жлезда отколку оние родени во јануари. Склони се кон астма и остеопороза. Септемвриските бебиња развиваат најмалку хронични болести во текот на животот но сеедно и жените се склони кон проблеми со штитната жлезда, малигните тумори и остеопороза.

ОКТОМВРИ – во текот на овој месец се раѓаат најмногу бебиња. Жените родени овој месец почесто од останатите имаат висок холестерол, анемија и остеопороза. Последнава склоност со нив ја делат и мажите кои исто така имаат проблеми со штитната жлезда и со остеопорозата.

НОЕМВРИ – машките почесто развиваат хронични проблеми со кожата, срцеви болести и оние со штитната жлезда во споредба со останатите, додека жените повеќе страдаат од астма, хроничен бронхитис и крвни згрутчувања.

ДЕКЕМВРИ – жените се посклони кон хроничен бронхитис, астма и крвни згрутчувања, а мажите кон катаракта, депресија и срцеви проблеми.

Коронавирус