среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 48
home Занимливости

Медицинско чудо: Момче родено со три пениси, докторите во шок

Медицинско чудо: Момче родено со три пениси, докторите во шок

Момче во Ирак, родено со три пениси е првото дете кај кое е потврдена оваа чудна деформација, велат лекарите.

Лекарите од северот на земјата, во близина на Мосул, сметаат дека се првите кои објавиле детална студија за човечка трифалија – кога некој ќе се роди со три пениси. Бидејќи само еден е функционален, другите два – кои израснале од коренот на „вистинскиот“ пенис – се хируршки отстранети.

-Момчето имало три месеци кога било откриено дека има три пениси, а засега не е познато како тоа не било забележано при раѓањето, пренесува „Сан“.

Лекарите велат дека едно од пет до шест милиони момчиња се раѓа со повеќе од еден пенис и дека во светот се регистрирани околу 100 случаи на дифалија – два пениса. Момчето со курдско потекло е прв случај на трифалија, според Меѓународниот весник за хирургија.

Имаше и друг случај од 2015 година, но тој никогаш не беше потврден затоа што не беше објавена студија за тоа во ниту едно медицинско списание.

Момчето добро закрепнува од операцијата, а лекарите сè уште не можат да ја објаснат причината за овој деформитет.

Локални избори 2021