среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 82
home Занимливости

Мечка им пришла на туристи додека правеле селфи: Ги душкала, им влегла во кадар, па ги изненадила

Мечка им пришла на туристи додека правеле селфи: Ги душкала, им влегла во кадар, па ги изненадила

Група планинари во Мексико успеале да останат смирени, па дури и да направат селфи со љубопитната мечка која им пришла.

На снимката се гледа како едната жена стои мирно додека мечката ѝ приоѓа, се поткренува на задните нозе и ја душка, пренесува „Daily Mail“.

И двете жени кои стоеле позади неа успеале да останат мирни и да не паничат, додека мечката ја ‘испитувала’ нивната пријателка. Во меѓувреме, жената сепак одлучила да го искористи моментот и да направи селфи со животното. Мечката, иако очекувале да ги нападне, направила нешто неочекувано.

Имено, откако завршува со душкање повторно застанува на четири нозе и полека си заминува од туристите, кои веднаш избегале од таму. Шокантната снимка е споделена на социјалните мрежи и ја прегледале повеќе од 2 милиони корисници.

Она што е најважно е дека никој не е повреден за време на опасната средба со мечката.

Коронавирус