понеделник, 26. септември 2022. Вести денес: 103
home Занимливости

МАЖИТЕ ОТКРИВААТ: Жените со своето однесување го уништуваат бракот

МАЖИТЕ ОТКРИВААТ: Жените со своето однесување го уништуваат бракот

Модерните бракови не се лишени од проблемите и конфликтите, а замерки на истите имаат и мажите и жените!

Иако постои претпоставка дека жените повеќе се жалат од своите партнери на своите пријателки и другарки, во некој случај се обраќаат и на колешки, не е предзнак дека мажите не го прават истото, и тие имаат свои замерки.

 Она што на мажите најмногу им пречи е погрешната слика за брак која најчесто ја имаат жените и што бракот го доживуваат како нов проект во кој тие треба да се променат и обликуваат. Доколку сте во брак, претпоставуваме дека вашиот партнер е зрела и веќе порасната особа која не треба да се менува по вашето сопствено мислење. Мажите открија со што жените го загрозуваат бракот и што точно никако не смеат да прават!

Ниски удари

Жените често во кавгите користат лични навреди и изрази од типот „ти секогаш или ти никогаш“, со што целата вина ја префрлаат на партнерот. Брачниот советник Боб Наваро советува дека во кавга треба да се користат реченици од типот „јас“ бидејќи тие ја смалуваат тензијата и подобро опишуваат како се чувствувате.

Љубоморни сцени

Мажите се визуелни битија и сигурно ќе забележат кога покрај нив ќе помине убава жена. Поради тоа не треба да се крева многу прашина, бидејќи истото го прават жените и фрлаат поглед на страна кога покрај нив ќе помине згоден фраер.

Манипулирање по пат на сексот

Жените имаат потреба од емоции како би можеле во текот на сексот да чувствуваат блискост, а мажите токму таква блискост изразуваат во текот на сексот и самиот секс тоа претставува за нив.

Кога ќе дојде до кавга, жените на мажите им го „забрануваат“ односно го кратат сексот, така да тоа претставува предмет на манипулација.

Неблагодарноста убива

Мажите сакаат да бидат пофалени за нешто што прават зошто со тоа им покажувате дека ги цените неговите постапки и им го потхранувате егото. Научете да му се заблагодарите на партнерот за нешто што направил за вас, па иако тоа било некоја ситница!

Жените често сакаат да го променат мажот

Најголем проблем се појавува, кога жената сака да го промени својот партнер и да го прилагоди како што она сака. Тој е голема и возрасна личност и како таков подготвен е на компромиси и прилагодување. Прифатете го тоа и прилагодете се и вие самите.

Донесување на одлуки без него

Најголемиот проблем за несогласување во бракот се финансиските проблеми.

Проблемите се индивидуални трошења како и прескокнување на договорот околу некои работи кои треба да се купат.

Не сте му вие мајка

Често жените заземаат родителски став и грижа за мажите и почнуваат да ги третираат како дете кое треба да го превоспитаат и променат. Можете само да го направите подобар, бидејќи тој веќе поминал низ воспитните системи на своите родители.

Коронавирус