четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

Маж го тужеше љубовникот на сопругата, пресудата ќе ве остави без зборови

Маж го тужеше љубовникот на сопругата, пресудата ќе ве остави без зборови

Судија во Северна Каролина врз основа на архаичен и малку познат закон, му наложил на љубовникот да исплати голема сума на пари на мажот со чија жена спиел. Треба да му плати огромна сума долари отштета.

Кит Кинг го тужеше љубовникот на својата сопруга бидејќи му го уништил среќниот брак.

Кинг, кој се оженил со Даниел Свордс во 2010-та година и заедно имаат дете, во 2015-та година пронашол сомнителни пораки кои ги разменувале неговата сопруга и љубовникот Франциско Хизар Трети. Со тек на време нејзиното неверство им го уништило бракот и Даниел изнајмила стан во 2017-та. Кинг отишол во тој стан, мислејќи дека живее сама, а вратата му ја отворил љубовникот. Таа тогаш снимила видео од својот љубовник како го дави мажот по што Кинг го тужел за напад.

На судот приложил докази за 16-месечната афера, а неговата адвокатка Џоан Фоил рекла дека неверството не само што им го уништила бракот туку Кинг изгубил и работник бидејќи Даниел работела во неговата фирма „BMX Stunt Show“.

Во приватната тужба од април 2017-та, Кинг го тужел Хизар, со оглед на тоа дека законот за „растурач на домови“ сė уште е во сила во шест американски држави: Хаваи, Северна Каролина, Мисисипи, Ново Мексико, Јужна Дакота и Јута.

Судијата пресуди во корист на измамениот маж и одреди отшета од 8,8 милиони долари. Љубовникот најави жалба.

Коронавирус