среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Занимливости

Математички прецизно, коронавирусот би го собрал во една лименка

Математички прецизно, коронавирусот би го собрал во една лименка

Целиот коронавирус што моментално кружи низ светот би го собрал во една лименка „кока-кола“ од 330 милилитри.

Ова е заклучокот на еден математичар кога од него било побарано да пресмета колкава количина од вирусот моментално кружи низ светот.

Математичарот Кит Јетс од Универзитетот во Бат открил дека постојат околу 2 квинтилиони (или две милијарди милијарди) САРС-КоВ-2 вирусни честички во светот. Неговата пресметка покажува колку малку вирус може да има толку големо влијание врз здравствената состојба на луѓето. Во светот, бројот на заразени надмина 107 милиони, а над 2 милиона луѓе починаа.

– Неверојатно е тоа што целата неволја, нарушувањето, хаосот, тешкотиите и загубите на животи во текот на минатата година може да се соберат во една лименка што би го понудила најлошиот пијалак во историјата – вели д-р Јетс.

Доаѓајќи до својот заклучок, д-р Јетс рече дека го користел дијаметарот на САРС-КоВ-2, во пресек околу 100 нанометри, и потоа го сфатил волуменот на сферичниот вирус. Дури и земајќи ги предвид шилестите протеини на коронавирусот и фактот дека помеѓу сферичните честички ќе се формираат празнини кога ќе бидат ставени заедно, вкупниот износ и понатаму е помал од еден газиран пијалак од 330 милилитри, додава д-р Јетс.

Во ноември 2020 година австрискиот математичар Мат Паркер пресмета дека тогашното вкупно количество на коронавирусот може да го собере во една кафена лажичка.

ЕУРО 2020

Македонија