вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 52
home Занимливости

Маските ги прават луѓето попривлечни, покажува истражување

Маските ги прават луѓето попривлечни, покажува истражување

Британските научници открија позитивна страна на пандемијата – луѓето изгледаат поатрактивни носејќи заштитни маски, пренесува „Гардијан“.

Истражувачите од Универзитетот Кардиф, се изненадиле кога откриле дека и мажите и жените изгледаат попривлечно носејќи маски кои го покриваат долниот дел од нивното лице.

Имено, научниците откриле дека заштитните маски за еднократна употреба, оние сините, изгледаат ги прават луѓето да изгледаат најпривлечно.

Доктор Мајкл Левис, дел од одделот за психологија на Универзитетот Кардиф, посочил дека истражувањето на темата почнало пред пандемијата, а добиените резултати покажале дека носењето на медицинските маски ја намалувале привлечноста бидејќи биле асоцирани со болест.

Тие го повториле истражувањето за време на пандемијата бидејќи маските станале дел од секојдневието, па сакале да откријат и дали типот на маските може да влијае дополнително.

„Нашето истражување сугерира дека луѓето се најпривлечни кога носат сини медицински маски. Ова е најверојатно бидејќи тие маски ги асоцираме со медицински работници,односно со нега и професии во медицината. Во време кога сме ранливи, носењето на маските нè прави сигурни и се чувствуваме привлечени од лицето кое ги носи“, изјавил Левис.

Првиот дел од истражувањето бил спроведен во 2011 година. Од 43 жени било побарано да оценат фотографии од мажи според атрактивност, а на фотографиите имало прикажано мажи кои не носат маски, мажи кои носат сини медицински маски, обични платнени маски и мажи кои го покривале половина од лицето со книга.

Жените за најпривлечни ги изгласале фотографиите од мажи кои носат сини медицински маски. По нив, за најатрактивни биле оценети мажите со обични платнени маски.

„Резултатите од истражувањето пред пандемијата покажува дека маските се асоцираат со болест и дека лицето кое ги носи треба да се избегнува. Но, пандемијата ја промени нашата психологија и начинот на кои ги перцепираме луѓето кои носат маски. Ова е поврзано со еволутивна психологија и објаснува зошто ги одбираме партнерите. Болеста или доказот за боледување игра голема улога во избирањето на партнери – претходно, сите навестувања за болест би биле непривлечни. Сега набљудуваме психолошка промена со која маските веќе не се асоцираат со болести“, објаснил Левис.

Тој додал дека е можно маските да ги прават луѓето поатрактивни бидејќи го насочуваат вниманието кон очите.

Коронавирус