среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 125
home Занимливости

Мало девојче родено во 2020 година мисли дека се околу неа служи за дезинфекција за раце (ВИДЕО)

Мало девојче родено во 2020 година мисли дека се околу неа служи за дезинфекција за раце (ВИДЕО)

Неверојатно е да се мисли дека пред нешто повеќе од 12 месеци, производите како средства за дезинфекција на рацете и маските за лице беа прилично ограничени за употреба во болниците. Сега семејствата ширум светот се прилагодија на „новото нормално“ и ваквите производи станаа дел од секојдневниот живот. А, за децата родени во 2020 година, поинаква реалност никогаш не постоела.

Кети Лајтфут сподели видео кое покажува колку децата можат да бидат прилагодливи. Имено, нејзиното едногодишно девојче претпоставува дека сè околу неа е всушност место за дезинфекција на рацете.

Видеото стана вирално, а додека некои го нарекуваа смешно, други сметаат дека ваквата сцена е срцепарателна. Но, без оглед на вашето мислење, мора да се согласите дека ова преслатко девојче е навистина посветено на Ковид-19.

– Кога вашата прва година од животот е 2020 година, сè е станица за дезинфекција на рацете“, напиша Кети во описот на видеото, кое во меѓувреме се најде на популарната страница „Редит“.

When your first year of life is 2020, everything is a hand sanitizing station… from r/aww

ЕУРО 2020

Македонија