недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 73
home Занимливости

Мачката на Борис Џонсон му го украде шоуто, а еве што правеше (ВИДЕО)

Мачката на Борис Џонсон му го украде шоуто, а еве што правеше (ВИДЕО)

Голем број новинари денес се собраа пред резиденцијата на премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, чекајќи да ги слушнат резултатите од трговскиот договор, но вниманието го привлече мачката Лери, познат жител на Даунинг стрит.

Мачката Лари е снимена како брка гулаб пред насобраните новинари, а видеото и фотографиите од тој подвиг брзо станаа вирални.

Резиденцијата на британскиот премиер се наоѓа на Даунинг стрит 10 во Лондон скоро три века. И додека премиерите се менуваат, оваа зграда има еден постојан закупец.

Имено, поради проблеми со глувци во зградата, секогаш живее мачка на бројот 10.

Мачката Лари се всели во 2011 година и ја доби престижната титула Главен фаќач на глувци, поради извонредните вештини што ги поседува.

Со текот на времето, тој стана омилен кај Британците, кои секој ден му испраќаат подароци.

Коронавирус