петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 152
home Занимливости

Мачка пронајдена во контејнер стана заменик министерка (ВИДЕО)

Мачка пронајдена во контејнер стана заменик министерка (ВИДЕО)

Вработените во фабриката за сортирање отпад „Горкомхоз“ во Улјановск, град на Волга, спасија мачка која била врзана во торба и одела кон сигурна смрт. Сепак, оваа приказна доби необичен тек.

Видеото од надзорните камери, кое се прошири на социјалните мрежи, снимено на уште еден обичен работен ден во „Горкомхоз“, сè до моментот кога еден од работниците ја зеде врзаната торба од отпадната лента за да ја провери нејзината содржина.

Меѓутоа, кога ја пресече торбата, имаше што да види! Во неа имаше мачка.

Според директорот на компанијата Игор Перфиjeев, таа била добро хранета, чиста и згрижена и било јасно дека до неодамна била нечија домашна миленичка.

Животното не било повредено, но било многу исплашено.

Откако се прошири веста за овој настан, министерот за заштита на природата на регионот Улјановск, Гулнар Рахматулин, презеде иницијатива да ја „прими“ мачката во Министерството, каде што е „назначена“ за нова неофицијална позиција заменик министер за заштита на дивиот свет, соопшти прес-службата.

Во соопштението се додава дека мачката е прегледана на ветеринарната клиника и е утврдено дека е целосно здрава.

Министерството, исто така, објави конкурс за избор на име за нивниот нов „соработник“, а предлозите за името може да се достават до Министерството за природа на регионот Улјановск.

Прес-службата наведува дека работникот Михаил Тукаш, кој ја спасил мачката и директорот на „Горкомхоз“, Игор Перфиjeев, добиле благодарници за совесната работа и придонесот за зачувување на животинскиот свет.

Ова е трет случај на спасување животни од истиот подвижен појас во последните два месеци.

Претходно, работниците спасија две желки и еден африкански еж.

Извор: Кумановскимуабети.мк

Коронавирус