сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 66
home Занимливости

Лондон наскоро ќе добие нова кула висока 305 метри

Лондон наскоро ќе добие нова кула висока 305 метри

Лондон наскоро ќе добие нова кула висока 305 метри што е замислена во форма на огромно лале, па ќе се вика Tulip Tower.

Ова ќе биде втората највисока кула во Лондон, само четири метри пониска од облакодерот Shard.

Tulip Tower ќе биде транспарентна и ќе ротира, така што посетителите ќе може да го видат цел Лондон.

Замислено е оваа кула да биде туристичка и образовна атракција, на врвот ќе има простор за учење, а архитектите испланираа и јавно достапна градина на самиот покрив на зградата.