вторник, 20. август 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Литванка со коса од 156 сантиметри победи на натпреварот „Најдолгата коса на светот“

Литванка со коса од 156 сантиметри победи на натпреварот „Најдолгата коса на светот“

Литванката Одета Аутукаите (26) победи на годинашниот натпревар „Најдолга коса на светот“, што се одржа во Литванија, притоа победувајќи 184 ривалки.

Нејзината коса е долга 156 сантиметри, подолга е од голф палка и може да се замота околу тркалата на автомобил.

-Воопшто не ја очекував победата, бидејќи подолго време не сум ја мерела косата, изјави победничката.

На натпреварот, во вториот по големина литвански град, се собраа жени од сите возрасти, а најстарата натпреварувачка имаше 80 години.

Сепак, Одета е далеку од досегашниот апсолутен рекорд на ова натпреварување, поставен во 2013 година, кога победничката имаше коса со должина од 245 сантиметри.