Занимливости дубаи

Летечко такси во Дубаи: Првиот пробен лет успешен, старт на услугата во 2026 година (ВИДЕО)

Жителите на Дубаи наскоро би можеле да ги избегнуваат сообраќајните метежи со летечко такси. Компанијата Joby Aviation успешно го изведе првиот пробен лет на целосно електричното летечко патничко возило, што претставува важна пресвртница во планот на градот да воведе воздушен превоз како дел од својата мобилна мрежа.

Патувањето од аеродромот во Дубаи до островот Palm Jumeirah, кое со автомобил трае 45 минути, со летечкото такси ќе се скрати на само 12 минути, најавува компанијата.

„Сакаме да го смениме начинот на кој луѓето патуваат до работа“, изјави Ентони Кхури, генерален директор на Joby за ОАЕ.

Иако долгорочната цел е летечките такси услуги да станат достапни за сите, во почетната фаза ќе бидат наменети за патници со повисоки приходи.

„Како и секоја нова технологија, почетоците ќе бидат престижни“, рече Кхури.

Демонстрацискиот лет бил изведен на изолирана пустинска локација југоисточно од Дубаи. Леталото – тип eVTOL (електричен авион со вертикално полетување и слетување) – полетало вертикално, прелетало неколку километри и потоа слетало.

Летечкото такси има капацитет да лета до 160 километри со брзина до 320 км/ч, е целосно електрично и со нулта емисија, прилагодено за урбани услови со минимална бучава.

Во 2026 година се очекува стартот на комерцијалната услуга, со поставени четири првични „вертипорти“ кај: Меѓународниот аеродром Дубаи, Palm Jumeirah, центарот на градот и Dubai Marina.

To top